Во подножјето на Андите, во градот Сан Карлос пред осум години е роден Клаудио Габриел Нанкуфил. За ова осум годишно дете од Аргентина се заинтересирани најголемите европски клубови.
Малиот Клаудио е малку понизок од неговите врсници, но е класа подобар фудбалер од просечните осум годишни фудбалери.
Со неговите потези тој ги остави без зборови тренерите од клубот каде што игра, потоа неговите противници, а вестите за него брзо стигнаа до скаутите во Европа. А сега во трка за него се вклучија Челси, Манчестер Јунајтед, Барселона, Реал Мадрид и Милан.
Погледнете како игра Клаудио, кој многу потсетува на Меси и Марадона:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


