| четврток, 6 декември 2018 |

Познати кои не стареат: Надица Ѓорѓиева

Таа е една од најубавите Македонки и свесна е за тоа.

Некогашната мис на Југославија, Надица Ѓорѓиева, и во петтата деценија на животот изгледа беспрекорно. Влегувајќи во модниот свет уште како тинејџерка, таа има работено низ цела Европа и во Јапонија, а ги носела креациите на дизајнери како Ив Сен Лоран, Вивиен Вествуд, Џани Версаче.

Надица сѐ уште активно е дел од модниот живот во Македонија. Заедно со Алек Наумовски, таа е сопственик на модната агенција „Моделс ин“.

Во приватниот живот, таа е мајка на 22-годишно момче, а е во брак со познатиот македонски менаџер Иво Јанковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top