По убедливата победа над Јемен со 5-0, селекцијата на Уругвај во реванш мечот од баражот за Мундијалот во Бразил ги разочара своите навивачи со резултат 0-0 против азиската селекција.
Селекторот Оскар Табарез не ги штедеше најголемите ѕвезди, па така на теренот се најдоа и Луис Суарез и Едисон Кавани, но ни тоа не беше доволно да се пробие одбраната пред голот на Јемен.
Со овој натпревар завршија квалификациите за Светското првенство во Бразил, па така сега се знаат сите 32 репрезентации, кои ќе бидат поделени во осум групи, а поделбата по групи ФИФА ќе ја направи на 6. декември.
Рапоредено по континенти ова се земјите кои ќе учествуваат на фудбалското првенсто.
Европа: Босна и Херцеговина, Белгија, Хрватска, Англија, Франција, Германија, Грција, Италија, Холандија, Португалија, Русија, Шпанија, Швајцарија
Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Чиле, Колумбија, Еквадор, Уругвај
Северна Америка: Костарика, Хондурас, Мексико, САД
Африка: Алжир, Камерун, Брегот на слонова коска; Гана, Нигерија
Азија: Австралија, Иран, Јапонија, Јужна Кореа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.