Бразил е првата селекција што обезбеди пласман за претстојното Светско првенство што следното лето ќе се одржи во Русија, откако „кариоките“ уште на четири кола пред крајот на квалификациите во Јужноамериканската зона си го осигураа пласманот меѓу најдобрите четири репрезентации. Бразилците на четири средби до крајот се убедливо прво, со дури девет бода предност во однос на второпласираната Колумбија покажува дека кризата со која се соочуваше оваа селекција до пред една година сега веќе е минато.
Филипе Кутињо го отвори резултатот на синоќешниот дуел со Парагвај, пред Нејмар и Марсело во второто полувреме да ги постават конечните 3-0. Згора на тоа Нејмар промаши и пенал, во меч во кој „кариоките“ целосно доминираа и апсолутно заслужено ги освоија трите бода, за деветта победа во деветтиот меч под водство на селекторот Тите.
Чиле рутински ја одработе задачата против Венецуела триумфирајќи со 3-0. Паредес постигна два, а Алексис Санчез еден гол за чилеанскиот состав, кој со оваа победа ја „скокна“ Аргентина на четвртото место на табелата.
Уругвај го претрпе вториот пораз во низа во месец март откако селекцијата предводена од Кавани и Суарез загуби од Перу со 2-1. Уругвајците повторно први поведоа, но тоа не им значи буквално ништо бидејќи исто како и на дуелот со Бразил пред неколку дена, потоа со деконцентрирана игра во одбраната им овозможија на противниците со целосен пресврт да стигнат до трите бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)