| четврток, 6 декември 2018 |

Падна автогол за паметење: Италија на француско тло славеше убедлива победа против Уругвај (Видео)

Во пријателски натпревар, кој се одигра на француско тло, во Ница, фудбалерите на Италија славеа сигурна и убедлива победа против Уругвај со 3-0 (1-0). За тимот на Уругвај на денешниот натпревар не настапи нивната прва ѕвезда Луис Суарез, поради повреда.

Избраниците на селекторот Вентура на денешниот натпревар доминираа од самиот почеток и заслужено славеа победа. Голот за водство на Италија од 1-0 беше дело на противничкиот фудбалер Хименез, кој во 7. минута ефектно ја погоди сопствената мрежа.

Во продолжение на натпреварот и двата тренери направија по неколку измени, но и покрај тоа „азурите“ продолжија со доминацијата, а тоа вроди со плод во финишот од средбата. На 2-0 зголеми Едер во 83. минута, кој ја искористи асистенцијата од Габиадини, а конечните 3-0 ги постави Де Роси во 91. минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top