Хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ со гол во финишот на мечот му донесе победа на Вардар против Партизан во Белград од 28-27 во раки на СЕХА-лигата. Јунак со стрелецот на победоносниот погодок е и шпанскиот голман Ињаки Малумбрес кој го одбрани последниот удар на Марсениќ и не дозволи домаќините да стасаат до реми. Малумбрес забележа 12 одбрани, Карачиќ даде 6 гола, како тандем што беше најзаслужен за победата во Белград.
За македонскиот првак не настапија Алем Тоскиќ и голманот Страхиња Милиќ, но сепак е забележана вредна победа што го води Вардар кон фајнал-фор турнирот во Лигата.
Добривое Марковиќ одигра солидно и постигна 5 гола, а по трипати прецизни беа Прибак и Абутовиќ. Кај Партизан Радовановиќ беше најефикасен со 6 погодоци, пред Марсениќ кој реализираше 5 од 11 упатени удари кон голот на Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


