Најпрвин, кажете ни нешто повеќе за вашето професионално искуство, каде се стекнавте со докторска диплома, на кој универзитет специјализиравте и во кои клиники во САД сте работеле?
Пиерс: Студирав на „Универзитетот на Флорида“ каде што се здобив со диплома по Природни науки во 1986та година, потоа во 1991 година дипломирав на Медицински факултет. Подоцна специјализирав во насоки и тоа Интерна медицина во Медицинскиот центар во Каролина во 1994 година како и Гинекологија и акушерство на Универзитетскиот клинички центар во Џексонвил – Флорида во 1999 година. Во моментов сум вонреден професор по Гинекологија и акушерство и Интерна медицина наУниверзитетот за Здравствен Систем во Комонвелт, Вирџинија каде што предавам веќе 14 години. Во рамките на одделот за Гинекологија и акушерство девет години ја извршував функцијата директор на студиите по медицина, а три години бев директор на Резиденцијалната програма. Моите области на специјалност во однос на женското здравје се пост менопаузалната медицина, општото акушерство и гинеколошката хирургија.
Имавте можност да бидете дел од обуките кои што Министерството за здравство на Македонија ги спроведува во Јавните здравствени установи. Кој е Вашиот прв впечаток за здравството во нашата земја споредено со земјата од каде што доаѓате?
Пиерс: Мојот впечаток е дека здравствената нега во Македонија забележува значителен прогрес, особено забележувам подобрување во делот на грижата за пациентите како и во однос на мотивацијата која што лекарите ја добиваат од страна на државата. Според мене сепак потребно е да се обрне поголемо внимание во однос на подобрување на грижата на докторите кон пациентите, каде што исто така споредено со мојата прва посета во пролетта годинава, веќе во втората посета оваа есен забележав значителен прогрес во ова поле. Министерството за здравство интензивно инвестира во здравствената инфраструктура и здравствениот персонал со цел да ги подигне стандардите на здравствена заштита во иднина. Има уште многу работа за да се постигне таквата цел, но, во тој правец забележувам голем напредок и голема надеж.
Во кои здравствени установи во Македонија имавте можност да ги реализирате Вашите практични обуки? Искористивте ли некои нови методи и техники за време на праксата и дали сметате дека истото ќе им биде од помош на докторите и медицинскиот персонал во иднина?
Пиерс: Две недели поминав во Клиничкиот центар Скопје и еден ден во болницата во Штип. За време на престојот работев заедно со гинеколошките хирурзи по минимална инвензивна хирургија, обидувајќи се да им помогнам во однос на нивната пракса. Спроведовме лапроскопска симулација која на гинеколозите кои присуствуваа значително ќе им помогне да ги подобрат операционите вештини и да се унапредат во однос на минимална инвензивната хирургуија.
Каков е вашиот впечаток во однос на докторите кои што беа дел од практичните обуки, лесно ли се прифаќаат новите трендови во здравството во нашата земја?
Пиерс: Како и во сите институции и оддели, постојат луѓе кои што се задоволни од начинот на кој што работат и луѓе кои постојано учат и сакаат да напредуваат. Докторите со кои што имав можност да работам беа отворени за нови знаења кои ги прифаќаа со мотивација и ентузијазам. Бевме во можност да размениме искуства, да дискутираме за различни проблеми и стратегиски планови. Огромно мнозинство од докторите беа отворени за промени, со желба да ги применуваат и да напредуваат во сите аспекти од медицинската пракса.
Велат добрите доктори се оние кои што учат цел живот, сепак во нашата земја поради јазот создаден уште пред неколку децении во однос на менаџирањето на јавното здравство, тука пред се мислиме на недостаток на мотивација и не инвестирање во нови технологии нашите доктори за жал беа лишени од модерните начини на усовршување. Колку според вас е важен системот на мотивација и постојано надградување на докторите, модел кој што во нашата земја започна да се спроведува пред две години?
Пиерс: Медицината бара знаење, емпатија, дисциплина, посветеност, упорност, соработка, континуирана едукација и ресурси. Лекарите мораат да поседуваат неизмерна љубов кон луѓето и надеж за иднината. За лекарот да ужива во уметноста на медицината мораат да гледаат како нивната работа прави промени во животот на луѓето, како и во заедницата во која што работат. На сите нам ни е потребна стимулација, охрабрување, но и визија да се остане мотивиран, а токму грижата за луѓето е најдобриот начин да се чувствуваме така.
Што би им препорачале еве пред се на младите доктори, студенти и специјализанти, како полесно професионално да се реалзиираат?
Пиерс: После 12 години поминати во спроведување на тренинзи низ здравствените установи, како и моето над 14 годишно искуство како доктор, убеден сум дека не постои лесен пат кога се работи за грижата за луѓето. Работата во медицината бара постојано надградување и учење, дисциплина постојана соработка. Ние мораме нашето знаење да го споделуваме со нашите колеги, да го пренесуваме нашето знаење на помладите генерации, како и да учиме од нашите пациенти. Љубовта кон пациентите од нас бара стремеж кон совршенството, понизност кон себе и да имаме благодарно срце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Околу 2.000 доктори заминале од Македонија
-
Специјализантите до Заев: Форсирањето за исплата на пари само за одредена група доктори е дискриминаторско!
-
Ова е вистинската причина: Зошто докторите и медицинските сестри на работа носат кломпи?
-
За неколку години Македонија ќе остане без лекари специјалисти