Бени Шаќири и неговата сопруга Лиса очекуваат принова. Популарниот музичар ја потврди убавата вест за весникот „Дневник“.
– Точно е, за два месеца нашето семејство ќе се прошири. Овој пат со жена ми се договоривме да не го дознаеме полот предвреме. Повеќе не би зборувал на оваа тема, сепак јас сум амбасадор на приватноста – изјави пејачот на „Нонстоп“, кој од неодамна е вработен во Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Нивниот прв син, двегодишниот Мик, своето име го доби по легендарниот пејач на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, а исто така, „мик“ на албански значи пријател. Бени открива дека и овој пат со сопругата размислуваат „музички“ на темата – име за новото бебе.
Бени и неговата значително помлада сопруга се во брак веќе пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.