Штрајк на текстилните работници кои бараат повисоки плати затворија околу 140 фабрики во Бангладеш. Две лица загинаа кога неколку илјади работници се судрија со полицијата во предградие на Дака.
Протестите поради ниските плати и условите за работа почнаа откако во април годинава се урна фабричкиот комплекс „Рана плаза“ во предградие на Дака кога загинаа 1.135 луѓе.
Полицијата соопшти дека денешното насилство почна во место каде се наоѓаат поголемиот број текстилни фабрики кои работаат за западни фирми, како што е „Волмарт“.
Работниците во текстилната индустрија во Бангладеш на 12 ноември го одбија предлогот на Владата за минимална месечна плата од 66,25 долари, што претсатвува зголемувањае за 77 отсто во однос на досегашната минимална плата. Работниците бараат минимална плата од сто долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Толку е лоша ситуацијата: Формирана полициска единица специјализирана за ловење ловци на покмони
-
Заложничка драма долга 12 часа: Членови на ИСИС убиле дваесетина туристи во популарен ресторан во Бангладеш
-
Терористи насилно влегоа во ресторан во Дака и зедоа заложници
-
Играчките и козметиката „вријат“ од опасни хемикалии