| четврток, 6 декември 2018 |

Толку е лоша ситуацијата: Формирана полициска единица специјализирана за ловење ловци на покмони

Откако се прошири веста за појава на редок покемон се создаде стампедо и илјадници луѓе побрзаа да го фатат Снорлакс, притоа не внимавајќи на сообраќајот, а уште помалку на семафорот.

Иако податоците на агензиите кои вршат секакви анализи велат дека помина врвот на „покемон лудилото“, па денеска сѐ помалку луѓе играат покемон гоу, а оние кои играат, поминуваат сѐ помалку време бркајќи покемони, сепак, сѐ уште е цела армија бројот на луѓе кои бркаат покемони на најневеројатни места на светот. Некои толку длабоко заглибале во виртуелниот свет на покемоните што стануваат опасни за реалниот свет. Поради тоа и поради зголемениот број сообраќајни незгоди направени поради бркање покемони, властите во Бангкок активирале група од педесет полицајци кои фаќаат ловци на покемони.

Тие ќе бидатраспоредени во десет градски подрачја со густ сообраќај, на кои ќе биде забрането да се бараат и ловат покемони исите оние кои ќе трчаат со телефоните и ќе го попречуваат сообраќајот ќе бидат казнети со 30 долари.

Ако мислите дека е претерано да се формира полициска единица за ловење ловци на покемони, погледнете го видеото снимено во Таипеи кога се појавил редок покемон, Снорлакс. Доаѓа до стампедо и илјадници луѓе го бркаат и не внимаваат ниту на автомобилите ниту на семафорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top