| четврток, 6 декември 2018 |

Заложничка драма долга 12 часа: Членови на ИСИС убиле дваесетина туристи во популарен ресторан во Бангладеш

banglades

Девет Италијанци и седум Јапонци биле убиени синоќа во терористичкиот напад за кој одговорноста ја презема џихадситичката група Исламска држава. Крвавиот напад го извеле во ресторан во дипломатскиот кварт на бангладешката престолнина Дака, објавија светските медиуми. Италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони го потврди бројот на загинати италијански државјани, а истовремено властите во Токио објавија дека се убиени и седум Јапонци.

Терористите убиле дваесетина луѓе, од кои повеќето странци како и двајца полицајци, во нападот во Дака, пред безбедносните сили да го заземат објектот завршувајќи ја дванаесетчасовната заложничка криза.

– Идентификуваме девет убиени (Италијанци), едно лице се води како исчезнато, можеби се крие или се наоѓа меѓу ранетите… трагаме по него, изјавил шефот на италијанската дипломатија Паоло Џентилони, додавајќи дека тоа лице се наоѓало во ресторанот во моментот на нападот, но не е меѓу дваесетте жртви.

Тој потврдил дека семејствата на настраданите се известени за настанот. Пет од жртвите се жени, а вкупно единаесет Италијанци биле во локалот за време на напaдот, пренесе агенцијата Ansa.

bangla-2

Јапонската влада денес потврди дека во нападот во Дака се убиени седум нејзини граѓани, прецизирајќи дека станува збор за пет мажи и две жени. Според агенцијaта Kyodo, еден Јапонец е ранет, а уште еден е спасен во операцијата на бангладешките безбедносни сили за ослободување на заложниците.

Папата Франциск го осуди овој терористички акт како „варварски чин кој е противен на Бога и на човештвото“, во телеграма со сочувство која ја испрати до властите на Бангладеш.

Нападот се случил синоќа кога најмалку шест вооружени напаѓачи упаднале во ресторанот „Holey Artisan“, во дипломатскиот кварт Гулшан во бангладешката престолнина Дака, земајќи во заложништво повеќе десетици луѓе. Полициските сили успеале во текот на операцијата да извлечат најмалку 13 заложници, а 20-те жртви се егзекутирани главно со студено оружје. Во престрелката загинале и двајца полицајци, а убиени биле и шест напаѓачи.

Во Бангладеш прогласена дводневна жалост

Премиерот на Бангладеш, Шеик Хасина прогласи дводневна жалост заради со крвавиот напад во главниот град Дака. Во телевизиското обраќање рече дека државата решително ќе се бори со терористичката закана.

dhaka-police_650x400_51467416447

Индиското МНР соопшти за едно убиено индиско девојче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top