Група од девет напаѓачи упадна денеска во ресторан во центарот на главниот град на Бангладеш, Дака и зеде повеќе заложници, јавија локалните медиуми.
– Меѓу заложниците има и неколкумина странци, информира шефот на полициските специјални единици Бенџир Ахмед.
Според електронското издание на весникот „Дејли стар“ напаѓачите влегле во ресторанот „Холи артизан бејкери“ во квартот Гулшан околу 21 часот и 20 минути по локално време и отвориле оган. Следувала престрелка со полицијата и вработените во ресторанот, кој се наоѓа во луксузниот дипломатски кварт на Дака. Локалните медиуми јавија дека во престрелката се повредени најмалку тројца полицајци.
„Раша тудеј“ соопштува дека во ретсоранот има најмалку 20 заложници.
„Џамуна Телевижн“ јави дека вработен во кујната, кој успеал да побегне соопштил дека напаѓачите извикувале „Алах акбар“.
Голем број полицајци се на местото на настанот и блокираното е целото подрачје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.