Потрошувачите се жалат на присуство на хемикалии што се штетни за здравјето, кои најчесто ги има во играчките, козметичките производи и во текстилот.
Министерството за економија и Организацијата на потрошувачи организираа работилница за информираноста за безбедноста на производите.
Граѓаните што ќе купат небезбеден производ и производ со одредена мана имаат право да го вратат и во рок од 30 дена да се изврши поправка, ако е во гарантен рок, или да се замени со друг соодветен производ. Доколку се работи за небезбеден производ, треба да го вратат на местото на купувањето и да ги добијат парите назад. Сепак, за да се прогласи еден производ за небезбеден, треба да е утврден како небезбеден Државниот пазарен инспекторат или од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.