На теренот се лути ривали, меѓутоа во приватниот живот се дружат и се почитуваат. Руската ракометна колонија во Македонија на собир, а поводот е роденден. Денеска сопственикот на РК Вардар и на ЖРК Вардар СЦБТ, Сергеј Самсоненко, како и ракометарот на „црвено-црните“, Михаил Чипурин, слават роденден, а на дружбата е поканет и Павел Атман. Тој им е голем ривал на теренот, со оглед дека е член на Металург, меѓутоа тоа не значи дека не можат да се дружат надвор од ракометните терени.
Тимур Дибиров, најдобриот ракометар на РК Вардар, ја објави оваа фотографија на својот профил на „Фејсбук“, а истовремено напиша: „Противници на терен, а во приватниот живот добри пријатели!“
Извор: Екипа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


