Митрополитот Дебарско – Кичевски и Плаошко – Бигорски Тимотеј е во добра здравствена состојба по комплицираната операција на срце што деновиве била изведена на Клиниката за кардиологија во Скопје.
Како што дознава „Република“ од болнички извори владиката Тимотеј треба да биде пуштен на домашна нега во текот на наредниве неколку дена.
На средината на септември на портпаролот на Светиот Синод на МПЦ – ОА му се слоши по што дел од медиумите пренесоа дека имал срцев удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.