Министерството за здравство денеска во Битола ќе почне со реализација на нов едукативен проект и ќе ја одржи првата обука за изучување англиски и германски јазик за здравствените работници од Клиничката болница и Здравствениот дом во
овој град.
Повеќегодишниот проект ќе се релизира во сите јавни здравствени организации во Република Македонија, а ќе се имплементира во соработка со универзитетите во Скопје, Штип и Битола. Идејата е, пристапот до специјализациите и обуките во светските реномирани универзитетски клинички центри да им биде овозможен на што поголем број здравствени
работници, информираат од Министерството за здравство.
Според информациите на Министерството, за изучување странски јазик во Битола интерес покажале 270 вработени, а во првата година од реализацијата на овој едукативен проект ќе бидат вклучени 200 лица.
Изучувањаето ќе се врши во две фази, односно првата фаза ќе биде насочена кон основното јазични познавање, додека во втората фаза ќе биде реализиран специјализиран курс со кој ќе се збогати и усоврши речникот од областа на медицината.
Трошоците за изучување на англискиот и германскиот јазик се на товар на Министерството за здравство од каде потврдуваат дека досега повеќе од 350 доктори биле на едукација во реномирани центри во странство, само во минатиот месец околу 100 доктори биле испратени на едукација, а до крајот на оваа година ќе бидат испратени уште 178 доктори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На децата прв пат им бил откриен дијабетес кога биле донесени во болница
-
Околу 2.000 доктори заминале од Македонија
-
Специјализантите до Заев: Форсирањето за исплата на пари само за одредена група доктори е дискриминаторско!
-
Д-р Ана Данева Маркова е нов претседател на Комитетот за безбедно мајчинство