| четврток, 6 декември 2018 |

Тимошенко боледува од САРС

timosenko

Поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко боледува од САРС и во моментот се лекува во болница во Харков, соопшти прес службата на затворските институции во Украина.

Најблиските соработници на Тимошенко денеска биле подготвени да ја посетат, но затворските власти не дозволиле.

– Тимошенко заболе од силна респораторна вирусна инфекција и поради спречување на евентуални компликации посетите ќе и бидат ограничени додека оздраве, се наведува во соопштението.

Поранешната премиерка на Украина издржува седумгодишна казна затвор за злоупотреба на службената должност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top