Најмалку 10 луѓе се „уништени“ на еден контролен пункт кој го подигнале приврзаниците за федерализација на Украина во областа Донецк, изјави пратеничката на украинската Татковинска партија, Лесја Оробец, јавуваат украинските новински агенции.
Александар Турчинов, претседателот на Украина изјави дека на северниот дел на областа Донецк почнала антитерористичка акција. Убиени се приврзаниците за федерализација на Украина, а одредот на смртта кој ги убил е на страната на властите во Киев, но не знае дали станува збор за војници или цивили.
-Постојат различни луѓе, кои не се подготвени да се стават под раката на Путин и да покажуваат отпор, во некој случај и вооружен отпор. Најмалку 10 сепаратисти денеска се убиени. Тоа го потврдија три извори. Тројца непознати луѓе дошле пред контролниот пункт и со автоматски пушки ги убиле сите сепаратисти и го продолжиле походот по Донецк, напишала Лесја Оробец на својот „Фејсбук“ профил, а која е членка на партијата на Јулија Тимошенко.
Целокупната ситуација Лесја ја опишува како мошне лоша, бидејќи речиси целокупната полиција им се придружила на федералистите.
-Доколку во текот на денот не се промени ваквата ситуација, украинските граничари и полицијата нема да бидата во состојба да го одбијат фронталниот напад на руските трупи на границата, вели Оробец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.