| четврток, 6 декември 2018 |

Украинскиот парламент изгласа апсење на судијата што ја осуди Јулија Тимошенко

nova-istraga-protiv-julije-timosenko-slika-6105
Украинскиот парламент денеска гласаше да се овозможи апсење на судијата Родион Киреев, кој ја осуди поранешната премиерка Јулија Тимошенко, јави новинската агенција РИА новости.
Судијата од киевскиот регионален суд ја прогласи Тимошенко за виновна и ја осуди на седум години затвор на 11 октомври 2011 година за злоупотреба на власта при потпишувањето на договорот за снабдување со гас од Русија.

Кривичната постапка против Тимошенко беше суспендирана поради отсуство на кривично дело откако Врховниот суд на Украина ја поништи пресудата на Киреев на 14 април 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top