| четврток, 6 декември 2018 |

Јулија Тимошенко не верува во преговори на Украина со Русија

Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко, која неодамна беше ослободена од затвор, не верува во успехот на можните разговори меѓу Киев и Москва . Според неа, Русија сака целосна капитулација на Украина . Во своето видеообраќање Тимошенко го истакна своето мислење за причините за воената агресија на Русија.

– Причината за почетокот на воената агресија на Русија над Украина е тоа што со нашата Европска револуција ние извојувавме целосна слобода, го отворивме патот кон Европа и ја отстранивме владата на Јанукович, која ѝ беше потчинета на Русија. Русија не се помири со тоа . Тие сега решиле да си ја присвојат Украина со силата на оружјето. Со силата на оружјето да нè направат дел од Руската Федерација . Сега ни е поставен жесток ултиматум . Тие рекоа дека ќе ја прекинат воената агресија само во случај ако ги вратиме Јанукович и неговата корумпирана и крвава банда на власт. Од различни причини, овој ултиматум во никој случај не треба да биде примен, мислам дека вие го разбирате тоа . Ако Јанукович во моментов се врати на претседателската функција , како што сака Русија , тој за неколку месеци ќе ѝ ја предаде Украина на Руската Федерација преку лажен референдум. Русија во моментов со крајна агресија се стреми да нè натера целосно да капитулираме – рече Тимошенко во свое видеообраќање.

Поранешната премиерка на Украина, исто така , рече дека не верува во успех на евентуалните преговори со Русија.

– Преговорите меѓу Украина и Русија денес не може да бидат успешни – смета таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top