
Со средбата Меркел – Нимиц, Германија појасни дека го поддржува процесот под медијаторот Нимиц, а не предлогот на Европската комисија. Шефот на грчката дипломатија и вицепремиер пред членовите на парламентарната комисија за надворешна политика, вака ја толкуваше неодамнешната средба на медијаторот со германската канцеларка, јави дописничката на Канал 5 од Атина.
„Кабинетот на канцеларката појасни дека кусата средба на госпоѓата Меркел со господинот Нимиц во суштина беше дека Германија го поддржува едниот и единствен процес кој е во тек, процесот по наредба од Советот за безбедност, процесот на добри услуги од генералниот секретар , преку господинот Нимиц, што значи не и предлогот на европската комисија. Ова го кажа Германија. Земајќи го во предвид извештајот на европската комисија, кој не влијае на советот, бидејќи советот одлучува со консензус, Германија, со средбата со Нимиц, на највисоко ниво, испрати порака која треба точно да се протолкува и треба Скопје точно да ја протолкува, бидејќи се друго се погрешни впечатоци кои водат кон погрешни однесувања. “ –рекол Венизелос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


