| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија под уставното име во војската на ЕУ

Staffelwettkampf der Frauen über 4 x 6 Kilometer

Македонија под уставното е примена во друштво на членки на Европската унија. Од следната година ќе оперираат во борбената група ЕУ- БГ2014, јавува телевизија Канал 5.

Република Македонија, Германија, Холандија, Луксембург Шпанија и Белгија од јануари всушност ја превземаат одговорноста да ја чуваат глобалната безбедност. Ќе бидат на комплетна должност од второто полугодие догодина, под водство на Белгија.

Според информации на Канал 5 во формацијата ќе има 2900 добро обучени војници. Предвидено е војниците од шесте држави меѓу кои и Македонија меѓусебно да ги споделуваат борбени вештини, постојано да се подговтвуаат за брза акција кога ќе биде загрозена безбедноста на една од земјите членки на Унијата.

Војниците свои тренинзи ќе имаат на воените полигони кај секоја држава која е членка на оваа група.

Министерот за одбрана Талат Џафери го предложил армискиот полигон Криволак за место каде да се подготвуива војската на Европската унија.

Македонскиот министер е во посета на Белгија. Тој со неговиот колега Питер Де Крем ги договаарт последните детали за работата на борбената група на Европксата унија.

Македонија иако не полноправна членка на Европската унија сепак таа е дел од војската и тоа под уставното име.

За многумина ова е позитивно изненадување, додека за Грците големо разочарување.

Вчера во грчкиот парламент пратениците го нападнаа Самарс како дозволил нашата земја под уставното име да биде прифатена во војската на ЕУ..

За нив уште пострашно е што на тоа се согласиле највијателните земји на ЕУ – Германија, Шпанија, Белгија и Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top