| четврток, 6 декември 2018 |

Кастратовиќ: Главна цел е Ларвик

ZRK Vardar- Bera Bera 09Тренерот на ЖРК Вардар СЦБТ, Индира Кастратовиќ, по денешниот натпревар и победа над шпанскиот првак Бера Бера со 30:20, посочи дека сега главна цел е Ларвик.
-Почнавме опуштено бидејќи знаевме дека сигурно сме пласирани во следната фаза од Лигата на шампионите. Во првите 15 минути противникот беше рамноправен, а потоа ние почнавме да ја играме нашата игра. Агресивноста во одбраната ни овозможи преку брзи контри и полуконтри да направиме предност и на крајот да ја извојуваме посакуваната победа. Сега се фокусираме на следниот натпревар со Ларвик каде одиме на победа, која ќе ни ја донесе лидерската позиција во Д групата- додаде Кастратовиќ.
Првиот стрелец Татјана Хмирова го одигра најдобриот натпревар во дресот на ЖРК Вардар СЦБТ.
-Сакам да им честитам на моите колешки за победата. Одигравме одличен натпревар, а најважно е што успеавме да ги освоиме двата бода. Сега се подготвуваме за последниот меч против Ларвик, кој решава за првото место во групата- рече руската репрезентативка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top