| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово и Лирија сигурни на гостувањата

KK Kumanovo celebrate

Кошаркарските екипи на Куманово и Лирија со лесни победи дојдоа до нови два бода совладувајќи ги домаќините Пелистер односно Вардар апаве.
Куманово во Битола извојува лесна победа од 79-55 и не дозволи изненадување. Пелистер и по шестото коло нема извојувано победа и е тимот заедно со Фени кој грчевито ќе се бори за опстанок.
Кумнановци уште по првата четвртина дојдоа до високи 16 коша разлика и рутински ја одржуваа до крајот на натпреварот. Паранс од тимот на Куманово беше најзабележителен на паркетот со 24 поени шест асистеници и пет украдени топки. Со двофицрен број поени беше и Мандиќ со 13, додека Шарлија успеа да собере 14 скока под двата обрача.
Кај поразениот тим се истакна Петковски со 18 поени.
Лирија како на тренинг успеа да го победи Вардар апаве со високи 30 коша разлика 54-84. Во сите четири периоди од натпреварот Лирија константно ја зголемуваше предноста. Отсуството на Бојан Трајковски не се почуствува под кошевите.
Интересно е што на овој меч двајца кошаркари од Лирија дојдоа до дабл-дабл учинок. Симиќ со 17 поени и 15 скока и Нерид со 18 поени и 14 скока. Во таборот на Вардар едиствен со двоцифрен учинок беше Ѓуриќ со 20 поени.
По овој натпревар Лирија ќе гостува во „градски парк“ каде се очекува одлична кошаркарска претстава во дерби дуелот со Работнички во следното коло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top