| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: По осум години власт 1.500 денари за Марјан Ристески се ништо

marjan risteski

„Наместо денеска, градоначалникот да се одважи и да се произнесе за конструктивниот предлог на СДСМ, со промашеното и лицемерно соопштение, во немање на аргументи, потврди дека токму тој е кумот на ваквите одлуки со кои се црпат и последните пари од џебот на граѓаните, во случајов, од родителите на гимназијалците.Г-дине Ристески, после 8 години власт, гледаме дека за Вас 1.500 ден, не претставуваат ништо! Впрочем, денес обичниот прилепчанец, може само да сонува за раскошот во кој живеат функцинерите на ДПМНЕ.  Но затоа, 1.500 денари се огромни пари за секој еден прилепчанец, посебно во услови на ваква, досега невидена сиромаштија, за која сте лично виновен“, се вели во рекацијата на СДСМ Прилеп, на реакцијата на Општина Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top