-Директорот на гимназијата „Мирче Ацев“ донесе одлука која, од околу 900 ученици запишани во училиштето, ќе извлече околу 1.350.000 денари! За работни униформи кои чинат по 1500 денари и кои задолжително од 1-ви декември ќе треба да ги носат прилепските гимназијалци. Нејасно е зошто, наместо на 1-ви септември кога започнува учебната година, униформите се воведуваат на 1-ви декември? За што матурантите ќе платат по 1500-тини денари за униформа, којашто ќе ја носат едвај четири месеци. Прашуваме, дали оваа набавка повторно оди во корист на бизнисмени блиски на ВМРО-ДПМНЕ? – реагираше денеска СДСМ.
Тие потенцираат дека партијата не е против носењето униформи во училиштата, туку напротив, сметале дека тоа треба да биде пракса во сите училишта но притоа униформите да бидат бесплатни за сите ученици.
– Заради тоа што средното образование е задолжително за сите, предлагаме:
Надоместокот за работни униформи, наместо родителите, од својот скромен џеб, да го плаќа Локалната самоуправа, од општинскиот Буџет.
Во услови кога власта троши милиони евра народни пари, за вработување на партиски војници во образованието, како и милиони за набавка на комјутери што единствено служат како декор во училиштата, сметаме дека овој наш предлог воопшто нема да ја оптовари општинската каса. А многу ќе им олесни на родителите на учениците. Бараме, од градоначалникот Марјан Ристески, барем еднаш да ги надмине партиските бизнис интереси и да застане на страната на граѓаните, поддржувајки го овој наш предлог – додаваат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.