Вардар веќе во 11. минута имаа водство од 6:1 со што најавија дека нема да дозволат изненадување пред своите фанови, а во 26. минута стигнаа и на плус седум (14:7), за до крајот на полувремето гостите да намалат и да стигнат до 15:10.
И во второто полувреме Вардар ја одржуваше оваа предност која најмногу се стопи до плус четири, за во 49. минута, со голот на Карачиќ македонскиот шампион да дојде и до позитива од 24:16.
Финишот беше можност за ракометарите на Борац да ја намалат негативата и да го завршат натпреварот со пристојна негатива, односно пораз од 28:24.
Марковиќ со 10 и Карачиќ со 5 голови беа најефикасни во редовите на Вардар, додека кај Борац Тривунџа постигна 7 голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.