На прв поглед се чини дека се работи за прилично сериозен случај и оти недостигаат вредни предмети, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за кражбата на златни предмети од депото на Музеј на Македонија.
– На прв поглед се чини дека се работи за прилично серизен случај и оти недостигаат вредни предмети, меѓутоа, пред да се заврши конкретниот попис на предметите и да се направи споредба со она што стои во нивната евиденција и констатација за тоа што недостасува, ние не би можеле да излеземе со првична проценка во однос на вредноста на предметите кои недостигаат и евентуалната направена штета – изјави Јанкулоска.
Сè уште трае увидот на местото на кражбата, а во моментов сè уште течат разговорите со сите лица за кои полицијата смета дека можат да дадат информации.
Од МВР немаат детали за начинот на кој е извршена кражбата и за виновниците. Во средата беше пријавено дека од депото на Музејот на Македонија се украдени златни предмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Модна ревија во Музеј на Македонија „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“