Доц. д-р Велика Стојкова Серафимовска утре ќе одржи предавање со наслов „Ритамот и звукот на Африка: кон корените на светската музика“ во Музеј на Македонија. Преку претставување на различни ритуални практики во кои ритамот, музиката и танцот се дел од синкретичните обреди, предавањето ќе биде прошетка низ африканската музичка традиција која по своите карактеристики се извдвојува како една од најстарите, најзачуваните и најразновидните во светот, а која и понатаму влијае на многу светски цивилизации и традиционални култури.
Предавањето ќе се одржи во среда 5 декември, 2018 г. со почеток од 12 часот, во кино салата на Музеј нс Македонија, како дел од изложбата „Духовите на Африка“.
Истражувањата на уникатната полиритмика и полифонија на африканската ритуална музика од страна на светски етномузиколози и антрополози, ја позиционираат Арфика во срцето на светската музика, од каде понатаму се развиле различни форми и жанрови. Истовремено, спецификите на ритуалите, кои и денес се задржани длабоко во традициите на африканските народи и заедници, ја впишуваат Африка и нејзината исклучително богата и разновидна традиционална култура на УНЕСКО-вите листи на нематеријално културно наследство на човештвото, каде Арфика има посебен третман и статус.
Доц. д-р Велика Стојкова Серафимовска е УНЕСКО-ов експерт за нематеријално културно наследство и етномузиколог во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ (УКИМ) во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Модна ревија во Музеј на Македонија „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“
-
Предавање на Лиса Нојберг во МСУ
-
Отворање на изложбата „Духовите на Африка – Ритуална западноафриканска уметност“