| четврток, 6 декември 2018 |

„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија

Предавањето „Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ на проф. д-р Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет – УКИМ ќе се одржи на 8 ноември во 12 часот во кино салата на Музеј на Македонија.. Ова предавање се одржува во рамки на изложбата „Духовите на Африка“, со цел да ги запознае присутните со африканската култура.

Предавањето ќе се концентрира на начинот на кој визуелно биле претставувани африканските индивидуи на крајот на 19 и почетокот на 20 век. „Панаѓурското“ изложување на претставници на африканските народи пред љубопитните погледи на жителите на Европа и САД имала за цел да создаде контраст помеѓу наводното дивјаштво на првите, и „цивилизираноста“ на вторите.

Во рамки на предавањето акцент ќе биде ставен врз судбините на Конгоанецот Ота Бенга и Јужно-африканката Сара Бартман, како парадигматични за конструирањето стереотипи поврзани со расата и различноста, чие ехо одекнува и денес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top