| четврток, 6 декември 2018 |

Модна ревија во Музеј на Македонија „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“

На 7 ноември 2018 година во 19 часот во Музејот на Македонија ќе се одржи модна ревија „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“. Овој настан се организира од страна на „Добредојде“ Македонија Велком Центар, во соработка со Амбасадата на Франција и Музејот на Македонија. Реавијата ќе ја отвори Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија.

Првите македонски дизајнери ги претставуваат артизмот, формите, методите и безвремноста во својата работа од почетоците до денес. Овие пионери на македонската модна сцена денес се етаблирани имиња, кои со својот автентичен дизајнерски потпис се трајно вградени во нејзините темели. На овој моден спектакл ќе се претстават: Никола Ефтимов, Лидија Георгиева, Росица Мршиќ, Јана Манева – Чупоска, Силвија Михајловска, Ивана Кнез, Тања Кокев, Антонија Ристовска, Олгица Ѓорѓиева и Розе Трајчевска. Во трудовите на овие докажани македонски дизајнери доаѓа до израз македонскиот карактер на нивните дизајни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top