Холандскиот огранок на меѓународната организација за заштита на правата на детето „Земја луѓе“, соопшти дека претставувајќи се на интернет како десетгодишно девојче од Филипини, под име „Свити“, открил и на Интерпол му доставил податоци за повеќе од 1.000 педофили, пренесуваат агенциите.
Директорот на организацијата, Алберт Јап ван Сантбринк во Хаг изјави дека за десет недели откриле повеќе од 1.000 мажи од целиот свет кои биле подготвени да и платат на „Свити “ за сексуалните дејствија пред компјутерските камери, пренесе „Ројтерс“.
Идентификуваните се од 71 држава, а најголем број од осомничените е од САД, Велика Британија, Канада, Австралија, Германија,Турција, Италија и Холандија, наведува британската агенција. Меѓу нив има и педофил од Македонија.
Македонецот е само еден од официјалната бројка од илјада педофили, кои пред Свити ги откриле најдлабоките сексуални фантазии.
– Тие бараат од мене да се соблечам, па потоа тие се соблекуваат. Потоа, „си играат“ самите со себе и бараат јас да си „играм“ со нив.
– Тие имаат само една цел – да имаат секс со Свити. Бројките се шокантни. За 10 недели идентификувавевме илјада предатори. Ако имавме повеќе време, несомнено ќе фатевме многу повеќе, изјави Алберт Јап Ван Сантбринг, Претседател на НВО “Тerre des hommes”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.