Четириесет и седумгодишниот Енди пред две години беше протеран од неговиот дом во Северен Велс од страна на жителите кои одбија да го прифатат неговиот брак со тогаш 16-годишната Бет. Денеска, тие првпат се враќаат во нивниот роден град Ландудно, а се надеваат дека некогаш ќе можат да се вратат и засекогаш да останат.
Енди и Бет се зедоа пред 3 години и јазот од 28 години не им пречи. Тие се запознаа преку мајката на Бет, која беше пријателка со Енди, но откако дозна за врската, се обиде да ја забрани, нешто што не вроди плод.
- Возраста не ми смета, никогаш не ми сметала. Не го гледам како стар маж или како татко. Отсекогаш сакав семејство и знаев дека Енди ќе биде совршен за тоа – рече Бет за емисијата „Age gap love“.
Кога жителите на овој мал град, пак, дознаа за нив, почнаа секојдневна тортура кон Енди, за кого сметаат дека е педофил.
- Ме убива одвнатре што ме третираат поинаку – се жали Енди.
Тие живеат на 270 километри од нивниот роден град и имаат два сина, Тими (2) и Конвеј (1).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.