| четврток, 6 декември 2018 |

Ериксон го советувал Абрамович да го купи Челси, наместо Тотенхем

Поранешниот англиски селектор Свен Јеран Ериксон бил главниот виновник што Роман Абрамович не го купи Тотенхем, туку слета во јатото на Челси. Англиските медиуми ја објавија тајната од 2003 година, а приказната ја раскажа Ериксон.

„Абрамович сакаше да купи клуб од Русија, но кога му реков дека ќе погреши ми се јави и ме праша кого да купам сега. Сакам клуб од Лондон. Дилемата му беше Тотенхем или Челси. Му објаснив дека Челси е подобра опција бидејќи има добри играчи како тери, Лампард и Хазелбенк, а ако го купи Тотенхем ќе треба да прави коммлетна реконструкција на тимот“, вели Ериксон.

Во тој период Швеѓанецот беше селектор на Англија, а неговите совети ги прифати рускиот тајкун и го купи Челси за 140 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top