| четврток, 6 декември 2018 |

Топланата во Тафталиџе од денеска работи на гас

Топланата во скопската населба Тафталиџе викендов почна да работи на гас, наместо на мазут како досега објави „МКД.мк“. Балкан енерџи груп (БЕГ) во опремата за гасификација на топланата Запад вложи 700 илјада евра.

Ова, велат во компанијата, ќе претставува голем придонес за зачувување на животната средина во градот и за заштита на здравјето на граѓаните. Со новата опрема емисиите на азотни оксиди и јаглен моноксид ќе паднат под 100 милиграми на нормален кубен метар, што е во рамките на најстрогите стандарди на ЕУ.

Новата опрема е од германско производство, а се работи за четири гасни горилници со вкупен капацитет од 132 мегавати и четири гасни рампи за довод и подготовка на природен гас.

Балкан енерџи груп АД Скопје (БЕГ) е македонска компанија со странски капитал која од почетокот на 2013 година доби лиценци за вршење на дејноста  производство, диструбуција и снабдување со топлина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top