Малку се говори за Македонија на страниците на четирите читанки за „Заедничката историја на Југоисточна Европа“, издание на Центарот за демократија и помирување на ЈИЕ (ЦДРСЕЕ), објави „Дојче веле“. Во четирите тома на вкупно 586-те страници, се споменуваат и кусо се објаснуваат многу малку нешта за Македонија од времето на Османлиското царство до крајот на Втората светска војна. На пример: со по дваесеттина реда се даваат информации за Мемоарите на Иван Хаџи Николов, формирањето на ВМРО, културата и образованието во Македонија под бугарска окупација, формирањето на АСНОМ и сл. што е само капка во морето од останатите обработени содржини. ДВ праша: зошто има толку малку факти за Македонија?
„Иста ваква забелешка слушнав и во Србија, Грција, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина. Овие книги не се наменети да ги заменат постоечките национални учебници по историја. Ова се дополнителни учебници кои немаат за цел детално да ја разработат историјата на земјата за која се наменети. На пример не се објаснува македонската историја, туку се дополнува знаењето покажувајќи друг агол на таа историја – каква е перцепцијата на другите кон одредени случувања. Целта е значи да се види што останатите мислат за нас! Македонските историчари беа дел од тимот и учествуваа од првиот ден во проектот, а ќе бидат дел и од идниот“, за ДВ одговара Ненад Шебек, извршен директор на ЦДРСЕЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


