| четврток, 6 декември 2018 |

Седумгодишниот Даниел ја загуби моќта на говорот откако виде како умира неговиот татко

Седумгодишниот  Даниел Соколов  ја загуби моќта на говорот пред една година од стрес, гледајќи го неговиот татко како умира ненадејно.

Даниел слуша и разбира сѐ, но преживеа шок по кој не може да зборува. Тој со неговата мајка, брат и сестра живеат во Сајан кај Kикинда, во трошна  куќа. Во секој момент покривот може да им се урне на главата. Две години се без електрична енергија, пишува српски „Блиц“ .

Даниел  оваа година тргна на училиште. Тој разбира,, реагира брзо, но од преживеаниот шок не може да зборува.

Кога  слушнал дека се споменува  неговиот татко, ја  донесол сликата за да им го покаже на српските новинари. Неговите сини очи се наполниле со солзи.

– Тато умре дома во кревет. Тој се врати дома од работа , легна , се сврте , и почна да трепери – раскажува 11-годишниот брат  Александар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top