
Дибиров, како и за септември, и во изборот за месец октомври е во идеалниот тим на СЕХА лигата потенциран уште еднаш како најголема ѕвезда на ова натпреварување.
„Ракометот го игра со огромна леснотија, Начинот на кој, пак, ги постигнува головите го прави најголема ѕвезда во лигата“ – стои во образложението на интернет страницата на СЕХА лигата.
Во идеалниот тим покрај Дибиров и Урбан уште се и голманот Крупа (Татран), десниот бек Ивиќ од Нексе, централниот бек Пејовиќ од Татран, левиот бек Мандалиниќ од Загреб и пикерот Сакиќ од Нексе. За најдобар тренер во месец октомври е избран Борис Дворшек од Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


