| четврток, 6 декември 2018 |

Основен суд Скопје 1 со нов портпарол

osnoven sud skopje 1Со одлука на претседателот на Основиот суд Скопје 1 сменет е досегашниот портпарол Владимир Туфегџиќ и на негово место е поставена судијката Весна Димишкова. Судијата Владимир Туфегџиќ оваа функција ја извршуваше од номеври 2009 година.

Весна Димишкова, за прв пат за судија е избрана во 2004 година и таа работи на кривична материја-организиран криминал. Смената на портпаролската позиција во скопскиот кривичен суд доаѓа по серијата преписки околу актуелните судски процеси и одлуки на судот, особено по пресудата во случајот „Ликвидација“, каде новинарот Томислав Кежаровски беше осуден на 4,5 годишна затворска казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top