Владиниот подтпарол, Миле Бошњаковски се најде во небрано откако од различни места беше обвинет за спинување и манипулации со јавноста во врска со Законот за употреба на јазиците, за кој беше најавено дека ќе биде испратен до Венецијанската комисија.
Бошњаковски се обиде да ја одбрани Владата за својата одлука, спротивно на праксата и на правната и политичка логика, прво да го донесе Законот, а дури потоа да бара мислење од Венецијанската комисија.
Тој реагираше на објавата на уредникот во ТВ Телма, Боби Христов, кој Владата ја обвини за „безобразно спинување“.
– Најбезобразен владин спин од вчера: Закон за јазици ќе одел пред Венецијанска по гласање во Собрание Алоо, закон се праќа на мислење претходно, по усвојување надлежен е само Уставен суд!
– Ама не е крива Влада, туку сите мои колеги што му го премолчеа спинот, т.е. лагата (институционално-правна) на портпаролот на Влада на РМ. Ама колеги, ајде доста држете микрофони, дајте малку новинарство. Инаку, ќе нè возат жедни преку вода и на работи кои бруцош на Правен факултет ги знае, напишал Христов на социјалните мрежи.
– Одлука на Влада објавена официјално уште на 4 август 2017 за тебе е ‘спин’? Јавно и јасно кажан став дека постои политички консензус дека сè што ќе излезе како мислење од Венецијанска комисија ќе биде интегрирано во законот за тебе е ‘спин’? И на крај став искажан на официјална прес-конференција на која имаше над 30 минути прашања и твои колеги од сите медиуми е искористена за ‘спин’?, му одговара Бошњаковски на Христов.
Во дебатата откако Бошњаковски негира дека станува збор за спин, поради тоа што оваа позиција Владата ја објавила уште пред пет месеци, се вклучува и професорката Мирјана Најчевска.
– Изјавата на Владата стана спин во моментот кога Законот влезе во собраниска процедура. Кога веќе носиш нов закон и сакаш да добиеш мислење од Венецијанската комисија, тоа го правиш пред законот да стане дел од собраниското одлучување. Готови закони исто така можат да се дадат на мислење, меѓутоа зошто тоа би го правел во случајов? По два дена од донесувањето да го менуваш законот? Или правиш закон или си играш мајтап со неук народ“, му пишува Најчевска на портпаролот на Владата, кој на крајот се обидува да објасни дека нема ништо спорно, бидејќи во Владата има договор сите забелешки на европските експерти да бидат имплементирани во законот на кој претседателот стави вето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
Кривична одговорност и драконски казни за Костовски и Џафери, доколку договорот со Грција се објави без потпис на Иванов
-
Бошњаковски: Химната, грбот и знамето нема да се менуваат, личните документи и пасошите ќе се менуваат (видео)
-
Бошњаковски: Ставот на Владата за името останува ист