Мистериозно, но и предупредувачки, знакот со четири прсти и превиткан палец, наречен „рабија“ почна да се појавува на разни места низ Скопската чаршија. Станува збор за нов симбол, кој, наводно, го означува масакрот на протестантите од август годинава, повеќето припадници на Муслиманско братство, на каирскиот плоштад Рабија ал-Адавија (од каде што, наводно, овој симбол го добил името – на англиски наместо А стои бројот 4).
Но, главното прашање во нашава тема е дали најавите за ескалација на радикалниот ислам, кои со години доаѓаа од сите страни, добиваат своја, веќе забележлива реализација? Муслиманското братство, една од најекстремните исламски организации, за кое се врзуваше познатиот скопски теолог и заменик-командант на муџахединската единица на поранешната ОНА Бекир Халими, извесно е дека има свој разгранок во Македонија.
Оваа организација добива поголема сила и поради поддржувачите на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Македонија (а кои ги има во голем број), единствениот странски политичар што отворено застана на страната на Муслиманско братство и сега отпоздравува со знакот „рабија“.
Повеќето за присуството и влијанието на Муслиманските браќа во Македонија, прочитајте во следниот број на неделникот Република, кој во продажба е од утре, петок, 1 ноември, 2013 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.