Најпознатата Американка со грчко потекло, Аријана Хафингтон, сопственичка на познатиот е-весник во САД, „Хафингтон пост“, во својот весник објавила водич за Македонија поради кој, најверојатно, ќе си има сериозни проблеми во својата родна Грција.
Покрај тоа што во водичот постојано нашава земја се нарекува со нејзиното уставно име, во еден дел се пишува и за нејзината историја.
„Во античките времиња Македонија беше најголемото кралство на Александар Велики. Статуи на Александар и неговиот татко Филип денес гордно се издигнуваат во главниот град, а со нивните имиња се крстени и аеродромот и автопатот… денешните Македонци се мошне мирољубиви, среќни и пријателски настроени луѓе…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.