| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Франција: Дваесетмесечно бебе од раѓање живеело во багажник

Француската јавност беше запрепастена од веста за откривањето на неухранетото и дехидрирано девојче кое од самото раѓање било држено во багажникот на автомобилот.

Во соопштението на француската полиција се наведува дека девојчето, на старост од 15 до 23 месеци, го пронашле автомеханичарите кога неговата мајка го донела автомобилот во работилницата во градот Терасон, во централна Франција. Еден од механичарите од багажникот слушнал „чудни звуци слични на стенкање“, а кога го отворил, го здогледал девојчето кое голо лежело во својот измет. Било дехидрирано и имало висока температура.

Детето е однесено во болница каде после прегледот докторите објавиле дека заостанала во растот и дека пати од психички проблеми.

Јавниот обвинител, Жан Пјер Лафит, истакна:

devojce-20b19582

„Се чини дека девојчето било сокриено од раѓање, а што е уште посериозно, тоа има многу големо заостанување во развојот. Целата ситуација е просто неверојатна“.

Полицијата по откривање на девојчето ја уапсила мајката (45 години) и нејзиниот партнер (40 години) кои се тужени за злоставување на детет о и загрозување на малолетно лице. Доколку се прогласат за виновни, им се заканува казна затвор во траење од најмногу 10 години.

Мајката на полицијата ѝ рекла дека девојчето го родила во тајност и затоа од сите, вклучувајќи го и својот партнер кој е татко на детето, криела дека девојчето воопшто не постои. Парот имаат уште три деца, 4-годишно девојче и две момчиња на возраст од 9 и 10 години, кои по апсењето на роителите ги превземала социјалната служба. Мајката и таткото се со португалско потекло и без работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top