Едно дванаесетгодишно дете се изјасни како криво за хакерски напад на неколку владини веб-страници во име на групата „Анонимуси“.
Нападите кои ги направил не биле со политичка заднина, туку тој кривичните дела ги правел во замена за видеоигри.
Детето во четвртокот на суд се појавило во придружба на неговиот татко. Тој признал дека ги нападнал и блокирал веб-сајтовите на полицијата во Монтреал, Институтот на јавно здравство во Квебек и официјалната веб-страница на Владата на Чиле.
Според процените на полицијата, малаиот хакер направил штета од 60 илјади долари, а казната ќе му ја одреди судот наредниот месец.
Малиот хакер изјавил дека со тоа се занимава од неговата деветта година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.