| четврток, 6 декември 2018 |

Познати кои не стареат: Софија Караќаева

За себе вели дека е спокојна, умерена и почитувана личност, сакана сопруга и мајка. Софија Караќаева ја нарекуваат македонската Парис Хилтон, старлета, џетсетерка, позната од непознати причини… Сепак, таа вели дека себеси не се гледа како џетсетерка, туку повеќе како жена која сака убави нешта.

– Во овие тешки времиња навистина е привилегија да имаш убав автомобил, да бидеш дотерана, да живееш во луксуз. Јас сето тоа го поседувам – изјавува таа.

Постоеше период кога Софија постојано ја гледавме по телевизиите и списанијата. Таа гостуваше во разни емисии, посебно затоа што е една од првите Македонки што отворено зборува за естетско-хируршките зафати и признава дека има силикони во усната и носот.

Сеедно, што или кој ја направи позната, таа е една од оние дами што не му подлегнуваат на времето. Иако е мајка на 19-годишниот Димитар, Софија постојано се одржува себе и својот изглед. Не пие, не пуши, не пие кафе, тренира секојдневно со личен тренер и секогаш е облечена во скапи брендови.

По такви третмани, не е ни чудо што изгледа барем 10 години помладо од тоа што е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top