| четврток, 6 декември 2018 |

Има и потемпераментен фудбалер од Балотели

Италијанскиот репрезентативец тврди дека фудбалерот на англискиот премиерлигаш Стоук, Марко Арнаутовиќ е најлудиот играч на светот

Arnautovic0 1 2705985b

-Англиските медиуми многу пишуваа за мене. Сите зборуваа дека сум најлуд фудбалер на светот. Верувајте ми дека се чувствувам здодевно покрај Арнаутовиќ – рече Балотели.

Арнаутовиќ е роден во Австрија и игра за репрезентацијата на оваа земја. Неговиот татко е Србин, а мајка му Австријка. Тој во сезоната 2009/10 играше со Балотели во Интер, но не се прослави кај тогашниот тренер Жозе Мурињо.

– Тој е, веројатно, најлудата личност што сум ја запознал во животот. На Мурињо му беше незаборавно со нас двајца во гардеробата – вели Италијанецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top