| четврток, 6 декември 2018 |

Вест Хем сериозно се засилува: Арнаутовиќ во новата сезона ќе настапува за „чеканите“

Премиерлигашот Вест Хем летово сериозно го засилува својот ростер, а по комплетираните трансфери на голманот Џо Харт и напаѓачот Хавиер Хернандез – Чичарите, тимот на Славен Билиќ доби уште едно засилување. Станува збор за одличниот крилен напаѓач, Марко Арнаутовиќ кој во редовите на „чеканите“ доаѓа од Стоук за оштета од 27 милиони евра.

Овој 28-годишен фудбалер има нстапувано за Твенте, Интер, Вердер Бремен  и Стоук . Тој изминатата сезона имаше 35 настапи во кои запиша седум гола и шест асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top