Во вечерта кога целото вмимание на фудбалскиот јавност беше насочено на реванш натпреварите од Лигата на шампионите и историскиот пресврт на Барселона, фудбалерите на Манчестер Сити во рамките на 28. коло на Премиер лигата одиграа само 0-0 со тимот на Стоук и не успеаа да ја намалат предноста пред тимот на Челзи.
Избранциите на Пеп Гвардиола доминираа во текот на целиот натпревар, создаваа шанси но не успеаа да го совладаат гостинскиот голман. Првата шанса на натпреварот ја имаа гостите уште во 6. минута преку Диуф, но Кабалеро фантастично одбрани. Во продолжение „граѓаните“ имаа шанси преку Давид Силва, Отаменди и Ихеанчо, но и во трите наврати беа непрецизни.
Следен натпревар за фудбалерите на Манчестер Сити е дербито со Ливерпул, на 19 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.