Градските ривали Вардар и Работнички одиграа без победник во натпреварот од 11.коло на Првата македонска фудбалска лига.
Дуелот одигран попладнево на стадионот во Автокоманда, меѓу Вардар и Работнички заврши 1:1.
Со голот на Борче Маневски во четвртата минута од натпреварот Работнички поведе со 1:0.
Вардар дојде до израмнување од пенал во 28-минута. Откако во шеснаесетникот на Работнички беше соборен Един Адемовиќ, судијата Ставрев покажа на белата точка. Истиот фудбалер беше сигурен реализатор на најстрогата казна поставувајќи ги конечните 1:1.
Останатите натпревари од ова коло ќе се играат утре со почеток од 14 часот, а двојките се: Македонија ЃП – Пелистер, Еуромилк – Напредок, Ренова – Шкендија, Хоризонт Турново – Гостивар и Брегалница – Металург.
Табела: Металург 18 бодови, Вардар 18 (еден натпревар повеќе), Работнички 17 (еден натпревар повеќе), Пелистер 16, Ренова 15, Брегалница 15, Хоризонт Турново 14, Шкендија 11, Еуромилк 10, Македонија Ѓ.П. 9, Напредок 9 и Гостивар 7. ис/рп/16:00
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


