| четврток, 6 декември 2018 |

Јованка Броз имала роднини во кумановско Тромеѓе

jovanka-broz-bolnica-01

Вдовицата на Јосип Броз Тито имала свои роднини во Македонија, пишува Вест. Тие биле меѓу првите жители од хрватскиот регион Лика, кои во дваесеттите години на минатиот век се преселиле во во граничниот појас на Македонија кон Србија. Нивните потомци денес живеат во кумановско Тромеѓа.

Јованка имала голема желба да го посети ова село и да ја реновира куќата на нејзиниот чичко Милан Будисавлевиќ, кој до Втората светска војна живеел во селото. Таму сакала од некогашното живеалиште на братучедот на нејзиниот татко да направи спомен-куќа, која ќе сведочи за животот на првите жители на Тромеѓа што се доселиле од Лика.Според нејзини роднини, таа не се откажала од идејата дури и на стари години.

Во селото Тромеѓа, подалечни роднини на Јованка Броз се само семејството на Столе Свилар.

– Нашето семејство никогаш не потенцирало дека сме роднини со Јованка Броз. Секој во животот си оди по свој пат и живее онака како што го води среќата. Многу малку луѓе и знаат дека таа имала фамилија во Македонија, освен роднините – вели Столе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top